ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ Скопје е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на платформата FINDJOB.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Корисници на FINDJOB.mk
Корисници на платформата може да бидат полнолетни физички лица или компании. Физичките лица се зачленуваат со е-маил, Facebook или Google сметка и доколку за забележи злоупотреба со лажни податоци сметката ќе биде избришана. При регистрација на компанија, се проверува дали таа е регистрирана и дури тогаш се одобрува нејзиното активирање на платформата
Огласи за отворени работни позиции
Огласите за отворени работни позиции ги објавуваат само Компаниите кои се зачленети на платформата. Огласите треба да ги запазуваат позитивните законски норми а Друштвото може да ги измени или отстрани без претходна најава.
CV - Кратки биографии на корисниците
CVата кои корисниците ги прикачуваат на платформата FINDJOB.mk, или пак ги внесуваат, се видливи само за нив и за компаниите каде корисникот аплицирал на некој од огласите на таа компанија. Доколку корисникот ја затвори сметката, сите податоци ќе бидат уништени/избришани.
Аплицирање на оглас за работа
Кога кандидатот аплицира на оглас, неготово CV може да го види компанијата каде аплицирал. Доколку кандидатот кој аплицира нема сметка на FINDJOB.mk, таа ќе биде отворена (креирана) за што корисникот ќе биде известен на е-маил.
Бришење на профил и кориснички податоци
Бришењето на профил креиран на FINDJOB.mk и сите кориснички податоци поврзани со него како и логови, се прави со пишување на „Барање за бришење на профил“ на contact@processin.mk од истиот е-маил од кој е креиран профилот.
Сопствена одговорност на содржината
Содржината која Корисниците ја внесуваат на сајтот мора да биде вистинита и нивна. ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ го задржува правато за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај корисниците. ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување.
Бришење на содржина
Корисникот може во било кое време сам да ја избрише содржината (оглас или др.) што ја има објавено на платформата FINDJOB.mk.
Недопуштени содржини
Освен, забранетите содржини со закон, недозволиво е огласување со следнава содржина:
Недопуштени предмети
Недопуштени предмети како за понуда, така и за побарувачка се:
За да не објавува ист оглас на повеќе различни сервиси за огласување, корисникот може да ја авторизира FINDJOB.mk да презема негови огласи кои се објавуваат на други веб сајтови за огласување, притоа корисникот гарантира дека огласите поврзани со неговата сметка се во согласност со Правилата на приватност и дека содржината е авторски негова (текст, слики и сл.). Корисникот во било кој момент може да ја прекине оваа опција.
Контакт преку платформата
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-маил и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.
Наплата / Услови и правила на продажба
Цените на сите услуги од FINDJOB.mk се во денари/евра/долари. Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-маил на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.
Купувањето (наплатата) може да се оствари преку банкарска трансакција или електронски со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.
Активирањето на услугата која ја имате нарачано и платено ќе биде реализирана најкасно за еден работен ден, по проверка на доставените податоци.
Уплатените средства не се враќаат, но може да се пренаменат за друг оглас во иднина доколку навремено реагирате во наредните 30 минути на телефон 071 244 660.